Зоран Милески- Кичеец е осуден на 3 години затвор за случајот „Рекет“, а куќниот притвор му е продолжен се до правосилноста на пресудата, доколку после жалбите остане иста.
Кичеец е еден од тројцата осомничени во овој случај и единствениот кој на вчерашното судење призна вина.
Бранителите побараа укинување на мерката куќен притвор, но обвинителката Вилма Рускоска побара домашниот притвор да биде продолжен до извршувањето на тригодишната казна затвор.
Судењето на останатите двајца во овој случај, Катица Јанева и Бојан Јовановски продолжува на 6 декември.