понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжен притворот на Нефи Усеини за 30 дена

Продолжен притворот на Нефи Усеини за 30 дена

Продолжен приворот на Нефи Усеини за 30 дена.

Поради опасноста дека ќе избегаат, обвинителството претходно побара охридскиот советник од редовите на ДУИ и бизнисмен Нефи Усеини и неговиот брат Ибро да останат во притвор. Полицијата претходно поднесе кривична пријава против Усеини и за насилство и недозволено држење оружје, но во обвинението се гонат само за првото кривично дело за физичкиот напад на охриѓанецот Спирко Топаловски.

Според обвинението, браќата го повикале оштетениот на средба во познат охридски хотел, но расправијата почнала уште во автомобилот со кој дошол Топаловски. Продолжиле на паркингот каде вербалната пресметка преминала во физичка.

-На еден од обвинетите од пантолоните му испаднал тврд предмет во облик на пиштол, кој потоа го зел вториот обвинет. Оштетениот со тупаници бил удиран во пределот на главата и телото пред влезот на хотелот и внатре, каде обвинетите во пределот на главата го удирале и со тврдиот предмет во облик на пиштол. По извршеното насилство со кое на оштетениот му биле нанесени телесни повреди, обвинетите го напуштиле местото на настанот, соопштија од ОЈО Охрид.

На овој начин извршиле грубо насилство врз жртвата а кај присутните гости и вработени во хотелот предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, велат од обвинителството.

Иако жртвата Топаловски првично тврдеше дека Усеини го удрил со пиштол потоа со писмена изјава го смени ставот и тврдеше дека пиштол не видел, туку добил удар од позади. Погрешниот впечаток дека имало оружје го оправда со стресот и паниката.

Најнови вести