Продолжен му е притворот за уште 30 дена на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Васе Доневски, потврдија за МИА од Кривичниот суд Скопје.
Притворот е продолжен по предлог на Обвинителството за организиран криминал по истекот на првичните 30 дена притвор.
Доневски беше уапсен на 15 март под сомнение за злоупотреба на службената положба. Истрагата за овој случај ја отвори Управата за финансиска полиција, а осомничен е и тогашниот управител на компанијата Секјуриком. (МИА)