недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Продолжен притворот за Јанева за уште 30 дена

Продолжен притворот за Јанева за уште 30 дена

Кривичниот суд денеска и го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за уште 30 дена.

Таа се наоѓа во притвор во истражниот затвор Скопје и сегашната мерка притвор и истекува в петок.

-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година за К.Ј., по разгледување и ценење на предлогот, донесе решение со кое го уважи предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП, се навеедува во соопштението на Кривичниот суд.

Во однос на поднесениот предлог од одбраната на Јанева за укинување на мерката притвор и определување поблага мерка за обезбедување присуство со понудена гаранција доставена до судија на претходна постапка, истиот е испратен на мислење кај надлежен јавен обвинител, а по донесена одлука на судот, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Адвокаткат на Јанева Ирена Фрчковска вчера до Судот поднесе барање за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка.

– Оптпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот, изјави Фрчковска за МИА.

Најнови вести