среда, 27. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Продолжи седницата за избор на нова Влада

Продолжи седницата за избор на нова Влада

Собранието денеска расправа за изборот на новата Влада предводена од мандатарот Димитар Ковачевски. По редовната пауза, седницата продолжи околу 16 часот, а за изборот на новата Влада пратениците треба да гласаат најдоцна до утре на полноќ.

Ковачевски денеска ја претстави програмата на новата Влада, која рече дека треба да даде решенија за актиелните проблеми како енергетската криза и во економијата, но дека ќе бидат посветени на борбата против корупцијата и на продолжување и интензивирање на прегороите за спорот со Бугарија. Опозициските пратеници од друга страна рекоа дека оваа влада нема легитимитет и побараа брзи предвремени избори. Ковачевски рече дека граѓаните се уморни од политичката ситуација и да гласаат на уште едни избори.

За избор на Владата е потребно просто мнозинство од 61 глас, а доколку биде изгласана Владата на Ковачевски, ќе биде единаесеттата од прогласувањето на независноста на државата во 1991 година.

Пратениците на опозицијата рекоа дека оваа Влада ќе го продолжи неуспехот на претходната и дека не може да понуди ништо ново со стари и истрошени кадри. Тие рекоа дека оваа Влада ќе биде со краток рок и според нив брзо ќе се оди на предвремени парламентрани избори.

„Оваа Влада брзо ќе се соочи со вистината и сама ќе си ги покаже своите аномалии недостатоци и мани. Многу скоро на површина ќе исплива сета неспособност, криминал корупција и нефункционалност, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Пратениците од владејачкото мнозинство рекоа дека новата Влада ќе го задржи позитивниот курс на претходната и дека легитимитетот го црпат од гласањето на парламентарните избори во 2020 година.

Дарко Каевски од СДСМ смета дека граѓаните на предвремените парламентарни избори во 2020 година недвосмислено ѝ дале поддршка за владејачката коалиција да ја води државата.

„На тие избори СДСМ доби силна поддршка и мандат од граѓаните во наредните четири години да ги спроведе сите оние принципи и мерки за коишто се залагаше во предизборната кампања, а потоа беа преточени во владината програма“, рече Каевски.

Пратеникот на ДУИ Арбр Адем рече дека треба „да ги заскукаме ракавите заедно и да ја однесеме државата таму каде што припаѓа – во големото европско семејство“.

„Поддршката за продолжување на работата на оваа влада подразбира токму реализација на оваа цел која за нас претставува важна стратешка определба без друга алтернатива“, рече Адеми.

Димитар Ковачевски беше избран за лидер на СДСМ откако претходниот претседател на партијата Зоран Заев поднесе оставка по изборниот пораз на локалните избори кои се одржаа во октомври 2021 година. Заев тогаш истовремено даде оставка и од премиерската функција.

Ковачевски го доби мандатот за составување на новата Влада од претседателот Стево Пендаровски. Новата владина коалиција е составена од СДСМ со нивните предизборни коалициски партнери, ДУИ и ДПА, а потоа се приклучи Алтернатива со што вкупно 64 пратеници ја поддржуваат владата.

Најнови вести