Втората серија на инстант лозот АВАНТУРА на Државна лотарија на Македонија донесе уште една премија, овој пат во Гевгелија. Автомобилот KIA SPORTAGE од оваа серија е изгребан на продажното место МОНТЕ –МК во Гевгелија, место во кое досега се изгребани неколку поголеми добивки од инстант лозовите на Државна лотарија на Македонија. И овој пат добивката, автомобилот отиде во рацете на редовни играчи од Гевгелија.
Семејството Мешкови се постојани играчи на игрите на среќа и до сега се добитници на неколку пониски добивки. Овој пат во гевгелија клупиле два лоза, од кои едниот имал замена па се вратиле по уште еден лоз АВАНТУРА, кој им го донел автомобилот. Вчера (30.01.2018) им беа врачени клучевите од автомобилот, а тие беа пресреќни, весели и насмеани, и им порачаа на сите играчи на игрите на среќа да не губат надеж и да трагаат по својот добитен инстант лоз. Среќата и насмевката на лицата на добитниците, ја оправдува мисијата и визијата на постоењето на Државна лотарија на Македонија.
Инаку, Државна лотарија на Македонија по успешната прва серија на инстант лозот АВАНТУРА на пазарот ја пласираше и втората серија од овој инстант лоз. Кој покрај главната премија автомобил КИА СПОРТАЖ нуди и повеќе парични добивки од 50.000 денари, 10.000 денари и многу други помали парични добивки. Не пропуштајте ја шансата за само 60 денари да возите нов Kia Sportage.
Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во „Авантура“ и изгребете Kia Sportage.