петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува бојкотот на наставата во неколку училишта во Охридбојкот

Продолжува бојкотот на наставата во неколку училишта во Охридбојкот

Расте бројот на  родители кои бојкотираат настава во Охрид поради промена на наставнички кадар во училиштата. После вчерашниот во Основното Климент Охридски, утринава наставата беше бојкотирана и во основното училиште во населбата Рача но и во охридската гимназија.

Во меѓувреме директорката на училиштетото од кое вчера зпочна бојкотот вели  дека двете наставнички и дефектологот се сменети бидејќи им завршил договорот, а на нивни места се примени професионалци со искуство во образовниот систем. Таа потенцира дека нема ништо спорно во смената на наставничките.

„Договорите на дело на трите лица беа истечени, по што беше распишан нов конкурс, на кој можеше да се пријави секое заинтересирано лице. Лицата кои се примени на работа се професионални и многу бргу ќе се прилагодат на работата со децата, а и децата ќе ги прифатат доколку сите заедно им дадеме соодветна шанса и реална можност да го покажат своето знаење. Апелирам да не се продолжува со бојкотот, особено во второ полугодие затоа што основното образование е задолжително, а недоаѓањето е казниво со закон“ – вели директорката на ОУ Климент Охридски, Наташа Танеска.

Но, родителите и понатаму тврдат дека наставничките се менуваат поради политички причини. Велат се додека тоа не престане  децата нема да ги пуштаат на училиште.

„Ова е тренд што се случува и на други места, но интересите не може да бидат на сметка на нашите деца“ – вели Јорданчо Спироски.

Од општина Охрид потврдуваат дека смената на кадар во училиштата  е извршена  според законските прописи. Велат дека исти такви смени имало и во владеењето на претходната власт со таа разлика, дека тогаш никој не бојкотирал настава. Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ пак обвинуваат дека случувањата во Охрид се одраз на чист политички реваншизам.

„ВМРО-ДПМНЕ ги повикува држаниот проспетен инспекторат и синдикатотна просветни работници да ги заштитат наставниците, а директорите веднаш да ги повлечат овие реваншистички одлуки.“ – вели Перчо Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Бојкотот на наставата започна вчера од ОУ Климент Охридски откако група родители ги извадија децата од час поради смена на нивните наставнички и дефектологот во училиштето. Инаку, смена на наставнички кадар деновиве е направен во речиси сите училишта во Охрид.

Најнови вести