среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рустеми ја дозакопа: Јанева барала да не замрзнува стан на нејзината „пријателка“ пратеникот Сашо Василевски

Дилемата која оправдано се отвора по вчерашниот настап на екс специјалната обвинителка е со какви зборови од својот „богат“ вокабулар, Јанева ќе го награди Рустеми. Или, сепак, поучен од кажаното кон Стефанова, Рустеми за да се заштити себеси мудро ќе премолчи дел од информациите за „дејствувањето“ на Катица со СЈО.
Рустеми ја дозакопа: Јанева барала да не замрзнува стан на нејзината „пријателка“ пратеникот Сашо Василевски

 

На денешното рочиште во случајот „Рекет“ сведочеше поранешниот обвинител во СЈО Бурим Рустеми.

Тој истакна дека предметот „Поштенска банка“ се оформил од прислушуваните материјали и имало предлог за притвор за три лица, но судот тоа не го прифатил и одредил само мерки за претпазливост и одземање на пасошите.

Потоа имало предлог за замрзнување на имотите на Главчев и Димитровски. Рустеми истакна дека за еден стан кој бил сопстеност на Главчев, тогашната специјална обвинителка Катица Јанева побарала да се тргне од замрзнување бидејќи бил продаден на нејзина пријателка и само би се направила штета.

Јанева потоа побара да му се врати пасошот на Главчев во замена за гаранции за машини вредни еден милион евра, нагласи обвинителот.

Обвинителката Смаќоска го запраша Рустеми како се чуствувал кога дознал за намерите и искреноста на Јанева по што тој одговори дека по разговорот со Лиле Стефанова дошле до знаење дека е можно станот да е во сопственост на Сашо Василевски. Тој еден од пратениците „пребегуши“ на ВМРО-ДПМНЕ кој се одметна и благодарение на чија група од осуммина беа изгласани уставните измени и променето името на државата.

Јавноста е во очекување дали Рустеми ќе ја засени колешката Лиле Стефанова, која вчера пред сите извади дел од валканиот веш на СЈО, а заврши со зборовите на Јанева. „Гомн*рке и ор*спијо една!“

Дилемата која оправдано се отвора по вчерашниот настап на екс специјалната обвинителка е со какви зборови од својот „богат“ вокабулар, Јанева ќе го награди Рустеми. Или, сепак, поучен од кажаното кон Стефанова, Рустеми мудро ќе премолчи дел од информациите за „дејствувањето“ на Катица со СЈО.

 

 

Најнови вести