среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува судењето на автобуската несреќа кај Ласкарци

Продолжува судењето на автобуската несреќа кај Ласкарци

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судскиот процес за случајот „Ласкарци“.

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава, во која загинаа 16 лица, се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со сослушување вештак од ФЕИТ.

Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа се обвинети шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Најнови вести