понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува судењето за протестите пред Општина Центар: Не постои нормална земја каде луѓе завршуваат во суд поради протест

Продолжува судењето за протестите пред Општина Центар: Не постои нормална земја каде луѓе завршуваат во суд поради протест

Денеска продолжи судењето за протестите пред општина Центар во јуни 2013-та година. Сведоците на СЈО повторно и единствено се советниците во општината од партијата СДСМ, кои сведочат против обвинетите главно членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи го и Никола Груевски, во тоа време претседател на партијата. Сите до еден од советниците на СДСМ-сведоци говорат со ист вокабулар, очигледно добро навежбани претходно.

И додека сите медиуми случајот го нарекуваат ,,Насилство во општина Центар“ , во судницата се констатира дека никој од обвинетите ниту некого удрил, ниту повредил, ниту нешто скршил или оштетил. Ниту пак се обвинети дека некого удриле или нешто оштетиле. Обвинетите кои тврдат дека не дошле пред општината заради некаков повик на некого од ВМРО-ДПМНЕ, туку како граѓани кои од медиумите дознале за намерата да се поништи планот во кој е предвидена градба на црквата Св.Константин и Елена. Тие тврдат дека дошле да изразат револт и протест против промената на деталниот урбанистички план со кој можеше да дојде до стопирање на градбата на црквата извикувале: ,,Андрејчо, Андрејчо излези да објасниш…“.

СЈО обвинението за насилство го темели на фактот дека советниците на СДСМ се вознемириле од протестите.

А обвинението против Груевски и Миле Јанакиески го темелат на тоа дека Груевски преку Јанакиески ги поттикнал граѓаните на насилство, кое се сведува на тоа дека било сторено со тоа што советниците на СДСМ добиле чувство на вознемиреност и несигурност.

Личи малку парадоксално што од илјадници протести во земјата од осомостојувањето до денес ова е единствен протест каде има обвинети за насилство, што е обвинение со можна казна до 5 години затвор, заради тоа што со протести група граѓани ги вознемириле политичарите и политичките преставници на некоја партија, во случајот СДСМ. Особено што во организирани демонстрации СДСМ и т.н. ,,шарени револуционери“ во обид да влезат во владата додека таму се одржуваше редовна седница, повредија 40 полицајци од кои 28 беа задржани на болничко лекување, на протестите на 05.05.2015-та година.

Уште полошо се случи со палењето на канцеларијата на Претседателот Иванов од истата група.

Се разбира дека секогаш кога во еден објект има политичари, а пред него има демонстранти кои најчесто се гневни, секој политичар би се вознемирил, но во една демократска земја, не е нормално за ваква работа да се оди на суд, да се одговара и да се соочи некој со затворска казна. Тоа ги дестимулира граѓаните да излезат на протести. Која е смислата на демократијата ако луѓето се плашат да протестираат заради можноста да завршат во затвор доколку политичарите ги тужат дека се вознемирини и добиле чуство на несигурност.

Во која нормална демократска земја во светот луѓе кои протестираат завршуваат на суд бидејки ги вознемириле политичарите? Во Германија? Англија? Америка?… Не постои ваков преседан.

Заради овие факти, најголемиот дел од јавноста смета дека овој случај е со цел за пресметка со политичките неистомисленици и противници, во прв ред Никола Груевски, со злупотреба на обвинителско судскиот систем.

СДСМ дојде на власт со ветување дека ќе донесе повеќе демократија. Но, овие чекори во судството за кои се смета дека е под директна контрола на СДСМ говорат дека трендовите се целосно обратни, трендови кои говорат за уназадување на демократијата и политички реваншизам и пресметка.

Најнови вести