вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе се презентираат снимките од Камчев

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе се презентираат снимките од Камчев

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска е закажано ново рочиште за случајот „Рекет” на кое треба д абидат презентирани снимките од бизнисменот Орце Камчев.  На последното рочиште за овој предмет беа презентирани докази од комуникацијата меѓу обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и други лица, каде меѓу другото се најде и комуникацијата што овој обвинет ја имал со поранешниот премиер Зоран Заев.

Исто така од страна на обвинителката Ирена Трајчевска, се презентира и слики каде што обвинетата Катица Јанева се гледа со снопче од 500 евра.

Случајот „Рекет”, во води Кривични совет предводен од судијката Васка Николовска-Масевска, односно обвинението го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Најнови вести