Продолжува трендот на стабилни откупни цени на градинарските култури во струмичко. Доматите се откупуваат од 50 до 60 денари за килограм, пиперките од 20 до 30 денари, црвената пиперка од 45 до 50, краставиците од 40-50, а лубениците по 7 денари за килограм.
Според трговците, овој тренд на стабилни и повисоки откупни цени се должи на намаленото производство, но и на зголемените барања на пазарите.
-Освен лубеницата, сите други култури држат цена, а најкарактеристичен е доматот кој само пред еден месец се откупуваше за 30 до 40 денари за килограм, а сега достигна откупна цена од скоро едно евро. На ниските откупни цени на одредени култури влијае е доцното стасување на производството како што е со љубеницата, која сега ја има и во другите балкански земји, а кај нас единствено порано стаса во Валандовско и Гевгелиско каде откупот почна со 15 денари и заврши на осум денари за килограм, објаснува трговецот Благој Витанов од од компанијата „Империјал фруит“.
Додава дека во овиј период нема летна зелка и покрај барањата од странските купувачи,а пред крај е и бербата на краставиците и зелените пиперки.
Витанов информира дека по подолго време има мал извоз на градинарски култури и овошје, пред се праски, во Украина и Русија, но тие количини се мали во споредба од лани.
Инаку, градинарските култури од Струмичко се извезуваат во сите земји на Балканот, како и други земји во ЕУ.