Безобразноста на СДСМ во уништувањето на локалните самоуправи нема крај. На речиси 7 месеци пред одржувањето на локалните избори, СДСМ не бираат средства за обид на поткуп на граѓаните и смирување на незадоволството на нивното членство, преку секојдневни огласи за вработување во општините, јавните претпријатија и останатите локални образовни и културни институции, реагираат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
Толкав е бројот на огласи што едноставно е невозможно да се прати темпото со кое СДСМ ја упропастува функционалноста и финансиската стабилност на општините и локалните институциите.
За СДСМ не е доволно што истите се веќе одамна превработени!
За СДСМ не е доволно што истите се презадолжени!
За СДСМ не е доволно што истите се неефикасни!
За СДСМ не е доволно што веќе еднаш им ги покрија загубите со посебен закон, а сакаат да го повторат тој чин со нов закон!
За СДСМ не е доволно што нивен кадар предводи општина која има поделено и наплатено 0% данок на имот!
Соочени со гневот на народот за нивното мизерно управување со локалната самоуправа изминативе 3,5 години, како и соочени со големото незадоволство на нивното членство, СДСМ изминативе неколку месеци започна акција за масовно полнење на општинските администрации, тие на јавните претпријатија, како и на културните и образовните институции во нивна надлежност со партиски војници. Секој ден „фрчат“ нови огласи за вработувања, каде само во моментов имаме активни огласи за речиси 100 вработувања, а во моментов на големо се менуваат и годишните планови за вработувања со кои се менуваат систематизации и се отвора патот за дополнително оптоварување на општинските буџети.
Само последнава недела, во време на економска криза и глобална пандемија, бевме сведоци на планот на Општина Гази Баба да потроши фантастични 14 милиони денари за привремени вработувања, додека Општина Бутел секоја година е лидер во оваа категорија каде во просек се трошат по околу 400.000 евра. Слична е состојбата и во Куманово, каде со измените на годишниот план за вработување во 2021 година на ЈП „Водовод“ – Куманово, предвидени се дополнителни 54 вработувања.
Сите овие очајни потези и евтини трикови нема да поминат и граѓаните на претстојните локални избори ќе ја казнат СДСМ за нејзината неспособност и корумпираност, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.