Додека граѓаните секојдневно се соочуваат со откази од своите работни места како последица на економската криза предизвикана од корона пандемијата, но и како последица од лошото менаџирање на властите, владата на СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжуваат да ги полнат државните институции со партиски кадри.
Во моментот, Агенцијата за заштита на лични податоци, ЈЗУ Универзитетската клиника за кардиологија Скопје, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура, Агенцијата за примена на јазиците, како и Македонската агенција за задолжителни нафтени резерви имаат активни огласи за вработување на државни и јавни службеници.
Според описот во Агенцијата за заштита од лични податоци вработува еден државен службеник на позицијата советник односно сметководител во Одделението за финансиски прашања а платат за оваа позиција изнесува 26.278 денари.
ЈЗУ Универзитетската клиника за кардиологија вработува пак еден јавен службеник самостоен референт или поточно главен администратор за матична евиденција на пациенти и наплата за нето плата од 19.910 денари, а согласно годишниот план на институцијата за оваа година предвидено е на ова работно место да се вработи Албанец.
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување пак објавува два огласи, кој на првиот оглас се вработува раководител на филијала во Кичево со нето плата од 30.984 денари, додека пак на вториот оглас се вработува исто раководител на филијала во Битола со плата од 33.628 денари.
Министерството за култура односно Управата за заштита на културното наследство вработува еден државен службеник на позицијата раководител на сектор за превенција и инспекциски надзор на културното наследство со нето плата од дури 37.631 денари.
Од друга страна пак, Агенцијата за примена на јазикот за кој никој не знае која е нејзината надлежност објавува оглас за вработување на двајца државни службеници на позицијата помошник раководител на Сектор за општи и правни работи и управување со човечки ресурси, како и еден соработник за следење, унапредување и заштита на примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните. А нето платата за овие две позиции е 33.830 денари, или 24.291 денари за второто работно место.
И Македонската агенција за задолжителни нафтени резерви вработува двајца јавни службеници на позициите помлад соработник за контрола на квантитет и квалитет на задолжителни резерви, и еден помлад соработник за благајничко работење, а нето плата е иста и за двете позиции на 22.238 денари.
Овие огласи за вработување доаѓаат по најавите дека владата нема да троши на непродуктивни работи, но и по повикот на премиерот Заев за формирање на широка влада каде што ќе влезе и опозицијата се со цел на огласите за вработување да се примаат лица кои ги исполнуваат критериумите. Но по се изгледа дека ниту сопствениот збор не може да го исполни, па продолжува со превработување на партиски активисти во државната администрација и создава институции кои наместо во служба на граѓаните, партиски институции.
Претходно, медиумите пренесуваа дека не само централните, туку и локалните власти ги полнат институциите на локално ниво со партиски активисти кои подоцна служат како партиски гласачи.