четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Професорите не и дадоа пролазна оценка на власта на полето на реформите, велат ништо не е сработено

Професорите не и дадоа пролазна оценка на власта на полето на реформите, велат ништо не е сработено

Професорската и експертската јавноста не е задоволна со реформите во Македонија кој според нив се одвиваат со незадоволително темпо. Дискутирајќи на тема ,,Дали имаме реформи и зошто не?’’, тие посочија дека јавната администрација и натаму е сектор во кој најтешко се спроведуваат промени. Професорот на правниот факултет Борче Давитковски вели дена ништо не е сработено во однос на реформите во јавната администрација.

-Фактички ништо не е сработено во поглед на реформите во јавната администрација. Жалам што морам така да констатирам, но сепак е тоа вистина. Се уште немаме единствени ставови за државните интереси, ние имаме партиски интереси, тоа е многу лошо за развој особено за реформирање на јавниот сектор, вели професорот Борче Давитковски.

Професорот Гордан Калајџиев се согласи со својот колега дека власта не спроведуваат реформи, бидејќи според него ова што е сега во тек не може да се поразбере како реформа.

-Ова што е во тек, тешко и да може да се именува со реформа, бидејќи зборот реформа подразбира или менување на некои модели или менување сериозно на организацијата. Се работи за палијативни решенија за илузионизам реформски, во однос дека очекуваме законите со некакви ситни измени да направат голема реформа, што е впрочем невозможно. Ниту пак начинот на кој ги спроведуваме вистински и инклузивно, вели професорот Гордан Калајџиев.

Најнови вести