Професорот по уставно право, Светомир Шкариќ, е дециден дека изборните дејствија за предвремните избори треба да продолжат по автоматизам веднаш штом ќе престане вонредната состојба.
-Доколку претседателот на републиката одлучи да не воведува нова вонредна состојба во истата секунда продолжуваат изборните дејствија онаму каде што застанаа, изјави Шкариќ денеска во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.
На прашањето на Орданоски зошто се тогаш овие разговори на лидерите кај шефот на државата, Шкариќ одговори: „Добро е што лидерите разговараат кај Пендаровски, но тие немаат никакво правно дејство врз изборните процеси. Во овој случај треба да се почитува Уставот и уредбата со законска сила што Владата ја донесе на 21 март 2020 година“.
Според професорот, досега се поминати 32 дена од изборните дејствија.
-По престанокот на вонредната состојба остануваат уште 28 дена додека се наполни рокот од 60 дена што ги предвидува уставот. Уставот е дециден – во рок од 60 дена треба да се одржат предвремените парламентарни избори, вели Шкариќ.
Шкариќ се јави со свој став денес, да ја брани идејата за избори кога државата се соочува со корона криза и брои заразени и жртви. Овој професор молчеше во многу други тешки моменти за државата, но сега одлучи да мудрува.
Кога зборуваме за него, да потсетиме какви изјави даваше Шкариќ во минатото:
Експертот за уставно право изјавуваше дека на Македонија и е потребна конфедерација со Тајван или реална унија, што секој дури и со основно познавање знае дека формално правно не е можно!