Професор по казнено право поранешен претседател на Антикорупциската комисија Ѓорѓи Сламков, во своето гостување во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, истакна дека ваучерите кои Владата ги даваше во сред изборен процес како вонредни исплати се незаконски и се кривични дела, а беа исплатени десетици милиони евра, беа никакво предупредување од страна на ДКСК.
-Изборите се распишаа на 16-ти февруари, на 18-ти март беше прогласена вонредна состојба, на 21-ви март беше донесена Уредба со законска сила на Владата за регулирање на изборниот процес, со која уредба се суспендира примената на Членот 34 од Законот за спречување на корупцијата и Членот 8а од Изборниот законик, таа состојба траеше до средина на јуни месец, потоа заврши вонредната состојба и продолжи изборниот процес, откако тој заврши беа во игра одредени ваучери кои се сметаат за вонредна исплата, согласно Член 34 став1 од Закон за спречување на корупцијата тоа не се редовни исплати, тие се забранети во тек на изборен процес, вели Сламков.
-Во моментот кога заврши вонредната состојба и продолжи изборниот процес ДКСК требаше да и алармира на Владата дека од тој момент не смее да издава никакви ваучери и никако не смееше да се врши исплата на ваучери, до момент на завршување на изборниот процес, а за парламентарни избори, изборниот процес завршува во моментот на избор на Владата, а тоа беше некаде во септември месец, затоа што така е по законот, појасни Сламков.
Сламков вели дека такво нешто немало од ДКСК, ниту пак во Извештајот за изборниот процес содржи таков вид на приговор, туку извештајот содржи други видови на приговори, како исплата за субвенции на клими од страна на Општина Охрид која тоа не смеела да го прави во тек на изборен процес, но за ваучерите од Владата немало никаков приговор.
-Не знам колку е точната сума, но во медиумите известуваа дека се дадени десетици милиони евра кои беа дадени со ваучерите од страна на Владата, станува збор за огромна сума, тука требаше да се делува, затоа што овие исплати беа вонредни, и ова е незаконско поведение и за истото е предвидена санкција според Кривичниот законик, за надминување на поголема имотна корист, тука станува збор за десетици милиони евра, што значи има исполнување на законски битија на неколку кривични дела, потенцираше професорот Сламков.