Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) доделува стипендии од Програмата „Марија Склодовска-КириЌ (МСЦФП) – континуирана иницијатива чија цел е да ги охрабри младите жени да продолжат со својата кариера во областа на нуклеарната наука и технологија, нуклеарната безбедност и неширење на нуклеарното оружје.
Стипендиите ќе се доделуваат за магистерски студии во области поврзани со нуклеарната наука, со можност за продолжување на практикантска работа со помош на МААЕ до 12 месеци. Kандидатките може да аплицираат за овие стипендии за академските години 2022/2023 и 2023/2024.
Процесот на аплицирање за циклусот МСЦФП 2022 е отворен на 15 јули 2022, a крајниот рок за пријавување е 30 септември 2022.
Како што објави Министерството за образование и наука, оваа година Програмата „Марија Склодовска-Кири“ ќе стипендира до 150 избрани кандидатки, во зависност од расположливите средства. При нивното доделување ќе се води сметка за географската застапеност, јазичната разноликост и дали апликантката претходно има добиено стипендија од МААЕ.
Повеќе информации за МСЦФП и за начинот на аплицирање се достапни на www.iaea.org/MSCFP . (МИА)