сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Производителите се жалат на ниски откупни цени на раноградинарските култури

Производителите се жалат на ниски откупни цени на раноградинарските култури

Бербата на оранжериското производство во струмичко само што започна, а кај земјоделците веќе се јавија проблеми. Уште на самиот старт тие се соочиле со ниски откупни цени и отежнат пласман.Производителите на лута пиперка од Банско се жалат дека трошоците за производство им биле неколкукратно зголемени, а цените пониски од лани.

За раноградинарите еден од главните проблеми е производството од увоз. Не се против увозот, но сметаат дека државата треба да најде начин прво да го заштити домашното производство ,a со самото тоа и производители чија бројка секоја година е се помала.

Лутата пиперка во Банско е застапена на површина од околу 50 хектари од кои егзистираат близу 200 домаќинства.

Најнови вести