четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Инфомакс: ДАЛИ ПРОЈА МУ ДОЛЖИ НА ЗАЕВ – Член на потесното семејство на испекторката одгледувал марихуана, ОЈО ја отфрлило пријавата на МВР

Инфомакс: ДАЛИ ПРОЈА МУ ДОЛЖИ НА ЗАЕВ – Член на потесното семејство на испекторката одгледувал марихуана, ОЈО ја отфрлило пријавата на МВР

Член на потесното семејство на испекторката Мери Проја Продановска одгледувал марихуана – ОЈО ја отфрлило кривичната пријава поднесена од МВР, објави порталот ИНФОМАКС.

Порталот пишува:

„На почетокот на 2018 година од страна на полицијата до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава за производство на марихуана против член од потесното семејство на Мери Проја Продановска, раководител на одделението за инспекциски надзор – Скопје при Државниот пазарен инспекторат која во јавноста стана позната по тоа што држеше вонредна прес конференција затоа што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ седел во кафеана. Инаку, факт е дека Продановска е носител на советничка листа во Кисела вода на локалните избори во 2013 година од редовите на СДСМ.

Според неофицијални информации, полициски службеници во 2017 година во дворот од викенд куќата во Маркова Сушица сопственост на родителите на Мери Проја Продановска поточно во фолијата каде одгледувале зеленчук пронашле 15 стебла од растение од растителниот род Cannabis, по што од страна на полицијата до ОЈО била поднесена кривична за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Но, иако целиот настан бил расчистен и соодветно документиран, од непознати причини истата кривична пријава од страна на ОЈО Скопје во август 2018 година била отфрлена.

Па според тоа логично се наметнуваат неколку прашања чии одговори јавноста има право да ги знае.

Дали ОЈО Скопје ја отфрлило кривичната пријава иако истата била поткрепена со несоборливи материјални докази, само затоа што пријавата е против член од потесното семејство на Мери Проја Продановска која важи за блиска до владејачката СДСМ и истата била носител на советничка листа во Кисела вода на локалните избори во 2013 година од редовите на СДСМ?“

Целиот текст прочитајте го на ИНФОМАКС

Најнови вести