вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Променливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен Целзиусов.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 19 степени.

Утре и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.

Најнови вести