недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Промоција на „Индексот на безбедност“ и истражување за безбедносните предизвици

Промоција на „Индексот на безбедност“ и истражување за безбедносните предизвици

Факултетот за безбедност-Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“ денеска ќе го промовираат „Индексот на безбедност“ и најновите резултати од истражувањето за безбедносните предизвици на Република Македонија.

На прес конференцијата покрај авторите проф. д-р Цане Мојански и доц. д-р Марјан Ѓуровски ќе говорат проф. д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност-Скопје, проф. д-р Неџат Корајлиќ, декан на Факултетот за безбедност од државниот универзитет од Сараево и проф. д-р Томе Батковски во улога на рецензенти на монографијата и истражувањето.

Индексот е инструмент за проценка на нивото на безбедност во Република Македонија каде ќе се презентираат добиените индекси на воената, регионалната, економската, политичката, еколошката, личната, државната, социеталната безбедност и индексот на добро владеење.

Индексот е наменет за самопроценка, планирање, следење и потикнување на активности за подобрување и зголемување на нивото на безбедност и да помогне да се разбере и да се унапреди концептот на безбедносната проценка.

Промоцијата е во рамки на одбележувањето на „Месец на науката за безбедност“ што ќе биде реализиран преку серија јавни настани во септември и октомври.

Целта на „Месецот за науката за безбедноста” е промовирање на науката, размена на истражувачки сознанија меѓу истражувачите од домашната и меѓународната академската заедница, анимирање и покревање на нивото на информираност на пошироката јавност и сите засегнати страни и нивно активно вклучување, со посебен акцент на вклучување на студентската популација од втор и трет циклус на студии.

(Миа)

Најнови вести