среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Промоција на иницијатива која обединува десет илјади Роми од 14 градови

Промоција на иницијатива која обединува десет илјади Роми од 14 градови

Десет илјади граѓани Роми од 14 градови во земјава има за цел да обедини иницијативата Аваја, која ќе биде промовирана денеска. Иницијативата има цел и да ги поттикне гласачите Роми да учествуваат на претстојните претседателски избори и да бидат дел од одлучувачите.

Со учеството на изборите Ромите имаат можност да ги пренесат своите колективни интереси кои ќе бидат дел од барањата до кандидатите за претседатели на државата, сметаат од иницијативата.

Аваја ќе биде промовирана во просториите на здружението на граѓани „Ромаверзитас“, а нма конференцијата ќе говорат граѓанските активисти Елвис Шаќири и Акиф Кариман. (МИА)

Најнови вести