вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Промоција на публикацијата за притисоци врз новинарите

Промоција на публикацијата за притисоци врз новинарите

Во ЕУ Инфо центар денеска ќе се одржи дебата и промоција на публикацијата „Невидливо насилство: Стории од редакциите” која се однесува на состојбите во медиумите во Западен Балкан: Дали новинарите и новинарките имаат иднина да се бават со својата работа во редакциите во кои работат?

Станува збор за повеќемесечно истражување во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, во тек на кое се собрани сведочења на новинари за интерни притисоци со кои се соочуваат во секојдневната работа.

За сведочењата кои се обединети во публикацијата, како и заклучоците ќе зборуваат новинарките кои работеа на проектот: Уна Хајдари (Косово), Биљана Секуловска (Македонија) и Жарка Радоја (Србија).

Проектот „Невидливо насилство: Стории од редакциите” е реализиран преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија: Независното здружение на новинарите во Србија, Здружението на новинарите на БиХ, Хрватското новимарско здружение, Здружението на новинарите во Македонија и Синдикатот на медиумите во Црна Гора.

Поддржан е од ЕУ и е дел од програмата „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување”. (МИА)

Најнови вести