Во Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје денеска се одржа промоција на доктори на науката, од областа на медицинските науки и здравството и општествените науки.
Како што информираат од УКИМ, на свечен и традиционален начин, ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски промовираше 23 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет, Стоматолошкиот факултет и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје.
Во доктори на наука беа промовирани Маре Стевковска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на пластичната и реконструктивната хирургија, Бојан Бошковски, доктор на медицински науки – клиничка медицина.
Како што посочуваат од УКИМ, од областа на неврологијата се звање доктор на науки се здобиле Татјана Делева Стошевска, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на неврологијата, Влатко Kоколански, доктор на науки по јавно здравство, Никола Бакрачески, доктор на медицински науки – клиничка медицина.
Од областа на кардиологијата – Маја Аврамовска , доктор на медицински науки – клиничка медицина.
Од областа на гинекологијата и акушерството – Еџевит Кадри, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на хирургијата, Драган Ѓорѓиевски, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на семејната медицина, Емилија Лазарева, доктор на медицински науки – клиничка медицина од областа на онкологијата и радиотерапијата, Марија Манева Ристовска, доктор по стоматолошки науки-ортодонција, Ирена Гавриловиќ, доктор по стоматолошки науки-ортодонција, Филип Тантуровски, доктор на стоматолошки науки-стоматолошка протетика. Исто така и Теута Довољани, доктор на стоматолошки науки-орална хирургија, Тања Дејаноска, доктор на стоматолошки науки-стоматолошка протетика, Симона Тошевска, доктор на стоматолошки науки-орална медицина и пародонтологија, Дарко Велјановски, доктор на стоматолошки науки-орална медицина и пародонтологија, Милка Кабранова јосифова, доктор по организациски науки и управување (менаџмент), Симона Зориќ Ристова, доктор на политички науки, Анастасија Трајковска, доктор на социолошки науки, научна област-социологија на окружувањето, Марија Ѓошева –Ковачевиќ, доктор по организациски науки и управување (менаџмент), Јасна Пајковска, доктор на социолошки науки, научна област-социологија на организација и Имране Сулејмани – Зибери, доктор на социолошки науки, научна област-социологија на организација.