четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пронајден жив еден од исчезнатите Македонци на Халкидики, продолжува потрагата по вториот

Пронајден жив еден од исчезнатите Македонци на Халкидики, продолжува потрагата по вториот

Еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, пронајден е жив и е во релативно добра здравствена состојба, потврдуваат за дописничката на МИА од Атина извори од крајбрежната служба на Грција.

Според истите информации на МИА, станува збор за 30- годишен државјани на Македонија, кој по над 17 часа од исчезнувањето е пронајден од товарен брод што пловел во близина во морскиот дел југозападно од Касандра.

Акцијата и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на вториот исчезнат.

Најнови вести