понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пронајдено е лицето кое исчезна во кратовско

Пронајдено е лицето кое исчезна во кратовско

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) – Кратово извести дека денеска од Полициската станица од општа надлежност (ПСОН) Кратово е добиено известување дека исчезнатото 41-годишно лице од с. Татомир во текот на претпладневните часови конечно е пронајдено.

– Конкретно, исчезнатото лице е пронајдено од жител на соседното село Сакулица. Од страна на припадниците на ПСОН Кратово е прифатено и донесено во Здравствен дом Кратово. Лицето по медицинскиот преглед е вратено кај неговото семејство, информира ЦУК.

Инаку, согласно информациите и координацијата од ЦУК и од Регионалниот ЦУК Кратово се одвиваше планираната континуирана потрага по исчезнатото 41-годишно лице со попреченост од с. Татомир од неделата.

На терен беа припадници на Полицијата од (ПСОН) Кратово, Шумска полиција, Територијалната противпожарна единица, Здравствен дом Кратово, Инспектори од СВР Куманово како и од единицата за трагање со кучиња трагачи од МВР Скопје, на Локалната самоуправа, а и на семејството, а биле информирани и вклучени и другите институции и месни жители согласно можностите. Покрај локалните институциите и Единицата на локалната самоуправа (ЕЛС) Кратово биле известени и претставниците на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а и од Центарот за социјални работи.

Најнови вести