Пронајдено д момчето П.Д. (24 г.) кое од семејството беше пријавено за исчезнато, соопштија денеска од СВР-Битола.
Од СВР-Битола посочуваат дека акцијата за пронаоѓање се вршела во реонот помеѓу битолските села Брусник и Лавци, а учествувале полициски службеници од СВР Битола во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица Битола, како и екипи на АТВ Водовод Битола, кои го пронашле П.Д.(24) од Битола.
Како што е познато, на 27 јули во СВР Битола неговиот татко Т.Д.(52) од Битола пријавил дека П.Д. се оддалечил од дома.