Пензионерот Богдан Дамјановиќ кој склучи договор за купување на 1 ТВ ќе го раскине договорот, соопшти тој за ИРЛ. Дамјаноски рече дека инвеститорот во чие име настапува се премислил, бидејќи првичниот договор бил на помала сума, но откако УЈП ја блокирала сметката за неплатени даноци сумата се зголемила на околу 400.000 евра. Инвеститорот, чие име не сакаше да го открие, бил негов пријател кој живеел во Холандија и сакал да почне бизнис во Македонија. Првата опција била да ја купи телевизијата на Боки 13.
„Трошоците енормно се зголемија и мојот клиент кој јас го застапувам реши да се откаже од купување на телевизијата“, изјави Дамјановиќ за ИРЛ.