Дел од просветните работници денеска организираа протестен марш во центарот на Скопје, незадоволни се од најавите за спојување на повеќе предмети, но и од ниските плати.
Според претседателот на Независниот синдикат за образование и наука, Томислав Гиевски „во моментов во секторот образование има нездрава работна атмосфера и ние сме тука да укажеме дека социјалниот дијалог е сведен на нула, дека условите за работа не се баш сјајни“.
-Секогаш ние сме ставени на маргините, не се почитуваат колективните договори во делот на додатоците, платата константно доцни, во последниве 20 години никогаш не е исплатена во законски предвидениот краен рок, додал Гиевски.
Причината за спојувањето на предметите, според него, е само да не ги решат проблемите на просветните работници.
Од НСОН велат дека денешниот протест е само предупредување доколку не се исполнат нивните барања во скоро време најавуваат порадикални чекори.