вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Протест на пожарникарите пред Град Скопје

Протест на пожарникарите пред Град Скопје

Пожарникарите и денеска излегоа на протести пред градското собрание за покачување на платите, односно како што тие велат, го бараат додатокот кој им следува, а тврдат дека го добиле и по судски пат.

Се жалат дека се уште немаат одговор од властите, а доколку нема одговор на нивните барања до крајот на неделата, правата ќе ги бараат на повисока инстанца.

-До ден денешен немаме никаков одговор, а он на прошлите протести ни вети дека ќе ни одоговори писмено. Сега за сега тие ни се одлуките да протестираме до петок, ако и до тогаш не добиеме одговор ќе имаме состанок и ќе одлучиме за понатамошните чекори, евентуално следно излегување би било пред Влада или собрание,вели Александар Петровски – Командир на оддленеие во скопската противпожарна бригада.

Градоначалникот Шилегов пак вели дека нема законска опција да одговори на нивните барања. Законот како што кажа тој е предвидено да биде донесен во јуни идната година, а до тогаш градот како опција на пожарникарите им ја нуди медијацијата.

-Имаше средби индивидуално, контроверзни беа работите, мислам дека на луѓето не им е доволно позната медијацијата како категорија која што може да ги убрза или реализира нивните права. Така што очекувам дека, кога веројатно ќе се запознаат или кога ќе тргне првата спогодба, многу повеќе ќе ја прифатат, истакна градоначалникот Петре Шилегов.

Шилегов и минатата недела упати слична понуда до пожарникарите за медијација, со цел како што кажа да се избегнат трошоците на пожарникарите кои евентуално би се решиле по судски пат да го бараат додатокот на платата. Понудата од градскиот татко сепак, не е прифатлива за пожарникарите кои бараат веднаш да се спроведе законот со кој платата ќе им се порамни.

Најнови вести