Независниот синдикат на полицијата нема да се откаже од нивните барања. И во следната година ќе бараат покачување на платите. Велат дека нивните барања оваа година никој не ги слушал. Иако воделе разговори, сепак немало епилог од тоа, пренесува ТВ21.
Тие остануваат на нивните барања кои претходно беа испорачани. Најавуваат и нови протести во 2020 година, не ја исклучувата ниту можноста за штрајк.
На денешното годишно собрание, каде учествуваа 7 синдикати од регионот, не беа присутни четирите министри кои биле поканети. Првиот синдикалец, вели дека доколку земјата се стреми кон Европската унија, мора да ги знае состојбите внатре во државата.
За барањата на овој синдикат поддршка пристигна и од останатите организации од регионот.
Барањата на синдикатот беа нов колективен договор за полицијата, подобри услови за работа и зголемување на платите за 25%, со буџетот за 2020 година.
Од МВР велат дека од декември 2018, платите во полицијата се зголемени, а од септември годинава добиле и дополнителни 5%. И дека се обезбедени над 100 милиони денари за полициските униформи.
Прилогот на ТВ21 погледнете го во продолжение