среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДА: Угостителите и индустријата за организирање на свадби чекаат протокол за работа веќе една година, властите без слух

ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДА: Угостителите и индустријата за организирање на свадби чекаат протокол за работа веќе една година, властите без слух

Угостителите и индустријата за организирање на свадби утре повторно излегуваат на протест. Локацијата Автокоманда каде протестираа во петокот и вчера ја заменуваат со Влада. Највуваат дека ќе останат таму се додека не се усвојат нивните барања, за кои Владата до сега немаше слух.

-Продолжуваме во среда (24.02.2021), во 15:00 – 17:00 часот пред ВЛАДА. Целта на овој протест е да се донесат протоколи за работа на рестораните за организирани настани. Да се вратат во функција сите комплементарни дејности (музичари, фоторафи, ателјеа за венчаници, студиа за декорации, слаткарници, цвеќари, шминкери, креатори). Забраната трае, а ние се уште чекаме протокол за работа веќе една година. Протестот ќе биде мирен со почитување на сите здравствени протоколи, велат тие.

Претходно истакнаа дека мора да се најде начин на функционирање на сите економски субјекти, за да не згаснат илјадници работни места.

-Ние не работиме затоа што Владата ни има дадено забрана за вршење на нашата примарна дејност и поради тоа треба да ни помогне финансиски да ја надминеме пандемијата се до моментот додека повторно не почнеме со работа. Будно ја следиме епидемиолошката состојба во државата и сме свесни за моменталната состојба, па поради тоа во првата фаза бараме да ни се дозволи да можеме да работиме под истите услови и протоколи, како и скратеното работно време како што работат сите останати а ла карт објекти. Овие барања се од суштинско значење за нашиот опстанок имајќи го во предвид нашиот сезонски карактер на нашата дејност, рече Марија Синадиновска Арсовска на вчерашниот протест и додаде:

„Нашите барања до сега не се усвоени, излеговме на протест во петокот и денеска сме на протест овде и ќе одржуваме протести од среда па натака секој работен ден во Скопје, но и во други градови се додека не се усвојат сите наши барања во целост“.

Најнови вести