Родители со деца, тинејџери, но и повозрасни излегоа на протест пред Владата, поради новите рестрикции кои се воведуваат за намалување на бројот на заразени од коронавирус.
Демонстрантите излегоа на улицата, а од мегафон беше повикано сите да ги извадат маските.
На ова еден од присутните реплицираше: „Имам право на глас, имам право на слобода. Никој не ми може ништо. Се е пропаганда.!“.
Присутните на протестите, носеа транспаренти „Врати ми ја слободата, ќе ти го бутнам режимот“, „Заштити ја планетата“, „Мое тело божја сопственост“.
„Само Господ има право да не уништи, а не некој си 1 процент од светска елита. Тоа се психопати кои располагаат со цела планета, со ‘Гугл’, ‘Федерал банк’, ‘Фејсбук’. Не можат тие газди збогатени, не знаат што да прават, сега им е досадно, па ќе си играат играчки со популацијата која не е вредна за живеење. А ние со нормален, обичен, ограничен живот да ја изгубиме последната радост. Јас не ги обвинувам нашите политичари, тие се јадници, тие се графчиња. Ова не доаѓа од нив, туку од нивните босови, таа светска елита“, рече една од присутните на протестот.