среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Протест пред Владата против отворањето на рудникот Иловица

Протест пред Владата против отворањето на рудникот Иловица

Стоп за рудниците“, „Здравјето пред профитот“, и „Одземете ја концесијата веднаш!“, беа дел од пораките кои група граѓани ги испратија од денешниот протест пред Владата против отворањето на рудникот Иловица.

Тие побараа од Владата под итно да ја заврши постапката за одземање на концесијата за Иловица-Штука.

Еден од организаторите на протестот, Стојан Велков изјави дека бараат што е можно побрзо, односно веднаш, пред формирање на техничка влада, да се одземе концесијата и најави дека ќе продолжуваат со одржувањето на протестите.

Тој нагласи дека концесионерот поднел тужба на одлуката водена во управна постапка, па сега предметот е пред Управниот суд.

Друг организатор на протестот, Костадин Ристоманов рече дека тие ќе се смират тогаш кога одлуката на Владата за одземање на концесијата за рудникот ќе биде објавена во Службен весник.

– Оправдувањето или објаснувањето дека се чека одлуката на Управниот суд во однос на поднесената жалба на концесионерот не држи, затоа што Владата е надлежна за давање и одземање на концесијата, изјави Ристоманов.

Најнови вести