понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Протестен марш на пензионери од Делчево, ова се нивните барања

Протестен марш на пензионери од Делчево, ова се нивните барања

Група пензионери од Делчево и денеска излегоа на нов мирен протестен марш, уште еднаш изразувајќи ги барањата за подобрување на статусот на пензионерите со ниски пензии. Одборот на незадоволните пензионери од Делчево пред присутните ги повтори барањата за линеарно зголемување на пензиите за 3500 денари, како и донесување закон за минимална пензија од 20 илјади денари.

-Денеска во име на незадоволните пензионери со ниски пензии ќе ги поднесеме следните барања до Здружението на пензионери од Делчево. Тие барања се линеарно покачување на пензиите од 3500 денари почнувајки од септември 2023 година, донесување закон за минимална пензија од 20 илјади денари во најкраток рок како и бесплатно лекување и лекови за пензионерите, истакна пензионерот Аника Николовска.

Меѓу остататите барања од одборот на незадоволните пензионери од Делчево го напоменаа и обезбедувањето финансиска поддршка за протест во Скопје на 20 септември 2023 година.

-Исто така, бараме целосна поддршка од раководството на Здружението на пензионери од Делчево за сите наши барања, кое во рок од 5 дена треба да се изјасни дали се придружува кон нашите барања, додаде Николовска.

Пред присутните пензионерот Васил Маневски прочита дел од својата поезија говорејки за лошата состојба на обичниот пензионер, по што се одржа мирен протестен марш низ централното градско подрачје во Делчево. Најавија дека протестите продолжуваат наредната среда.  (МИА)

Најнови вести