Граѓани од скопско Маџари попладнево организираа протест против долгогодишната незаинтересираност на градските и општинските за власти за решавање на основните проблеми во нивната населба.
Ова се нивните барања:
– Затворање на претоварната станица во Вардариште.
– Затворање на сите пристапни патишта кои водат до депонијата.
– Дислокација на “Бувљак пазар”.
– Депортација на граѓаните без документи, кои што секојдневно носат и палат ѓубре на депонијата (која што официјално е затворена).
– 24 часовна контрола од страна на МВР на рампата во Маџари.
– Контрола на работењето на отпадите.