петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Протестот на производителите на пролетна зелка од Муртино продолжува и денеска

Протестот на производителите на пролетна зелка од Муртино продолжува и денеска

Протестот на производителите на пролетна зелка од Муртино продолжува и денес во центарот на селото.

Незадоволните производители вчера со трактори го блокираа влезот на откупниот пункт и ноќта ја поминаа таму, не дозволувајќи ниту еден камион да излезе или да влезе за да товари зелка.

Причина за блокадата и протестот на производителите на зелка е намалената откупна цена, која на пунктот што го блокираа се откупуваше за 25 денари за килограм.

Производителите бараат откупната цена да изнесува 30 денари за килограм, барем до почетокот на Велигденските празници.

– Протестот го продолжуваме мирно на сред село и ќе чекаме да дојдат претставници на Министерството за земјоделство за да го слушнеме и нивниот став. Доколку се прифатат нашите барања тогаш протестот ќе го прекинеме, во спротивно ќе продолжиме, велат незадоволните земјоделци.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најавија дека денеска ќе се сретнат со земјоделците.

Инаку утрово околу 8 часот производителите на пролетна зелка ја прекинаа блокадата на откупниот пункт, но протестот продолжува и денес во центарот на селото.

ФОТО: МИА

Најнови вести