Провладиниот новинар и верниот поддржувач на СДСМ и власта Зоран Иванов, вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија за набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР за следење на изборниот процес во Република Македонија изјави „камо среќа ниту еден да не дојде на следење на изборите“.
-Тие дадоа изјава и цврсто стојат на тоа дека ако Македонија организира избори тие ќе дојдат. Но друго е прашањето, двајца нека дојдат или ни еден, камо среќа ниту еден да не дојде, вели Иванов.
-Ние уште се палиме на тоа дали ќе има набљудувачи од надвор, дали ќе не контролира дали ќе крадеме, до тоа ли дереџе дојдовме, сите што бараат набљудувачи треба да се срамуваат од тоа да бараат некој да не контролира, додава Иванов.