Откако претходно КУРИР објави дека вечерва се прават нови политички заткулисни игри за новиот закон за ЈО, провладиниот медиум Цивилмедиа.мк објавува дека ексклузивно дознава дека Законот за јавно обвинителство нема да се повлече и дека во Собранието е текстот на законот што е договорен.
Поточно, нема суштински измени што се направени преку ноќ, како што имаше обиди да се претстави финалниот текст на овој стратешки важен закон за кој треба да се одлучува на собраниската седница.
Спротивно на ова Телма објавува дека е подготвена е нова верзија на законот за Јавно обвинителство, потврдиле за Телма високи партиски извори од владеачкото мнозинство.
-Во моментов, министерката за правда, Рената Дескоска има консултации со Претседателот на Собранието , Талат Џафери за предлог законот и затоа седницата доцни веќе два часа, пренесува Телма.
Инаку претходно КУРИР објави дека во канцеларијата на Али Ахмети се одвивало средба на која присуствуваа претседателот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Според нашите извори тие разговараа на темата во врска со новиот закон за ЈО.
Според нашите информации се правело и обид да се замени предлог законот за ЈО со претходната верзија која ја договориле СДСМ и ДУИ.
Доколку се замени новата драфт верзија треба да помине на повторно гласање во Владата па потоа да биде доставена во Собранието.
Инаку по оваа средба во овие моменти кај Талат Џафери освен Ахмети на состанок пристигнала и министерката Рената Дескоска.
Според нашите извори тие на средбата треба да се усогласат за разликите во текстот на законот за обвинителство кој вчера бил усвоен од владата и зошто денес во Собранието пристигнал предлог закон со изменета, поинаква содржина од онаа што владата веќе ја изгласала.