понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Провокатори испратени да го следат Митко Чавков, го провоцирал струмички наркодилер

Провокатори испратени да го следат Митко Чавков, го провоцирал струмички наркодилер

Струмички наркодилер, осудуван за трговија со дрога, вчера попладне предизвикал инцидент во угостителски објект во близина на Колешински водопади во Струмица, каде претходно бил присутен поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, објавува Нетпрес.

-Наркодилерот, во Струмица познат како Ванчо Комитата, прво се обидел со мобилен телефон да го фотографира Чавков. Поранешниот министер за внатрешни работи го прашал зошто го фотографира, и за да не дојде до инцидент, заедно со луѓето со кои бил, си заминале од ресторанот. По ова осудуваниот дилер на дрога Ванчо Комитата, почнал да демолира и да крши во угостителски објект „Подгорски Ан“. Реагирал сопственикот и повикал полиција, која го привела. Но, наркодилерот во полициската станица тврдел дека наводно бил физички нападнат од неколку лица, кои биле во друштво на Митко Чавков, објавува порталот.

Но, според присутните, воопшто немало никаков физички контакт меѓу лицата кои биле со Чавков и наркодилерот Ванчо Комитата, за што тврдат дека може да сведочат другите присутни во локалот, како и сопственикот.

Сомнежите се дека осудуваниот дилер на дрога Ванчо Комитата, бил намерно дојден да испровоцира инцидент, но сепак не успеал во тоа, иако во полициска станица дал лажна изјава дека бил нападнат.

Најнови вести