вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Прв дел: Владини функционери и криптовалути!

Прв дел: Владини функционери и криптовалути!

„Биткоин“, „Етериум“… се само мал дел од криптовалутите кои во моментов се светски тренд, но и брза и лесна заработувачка, со мало вложување.

Овој светски тренд не ги одмина ниту македонските граѓани, кој во оваа прилика видоа начин да заработат, но и да се збогатат.

Во светот Кина важи за владетел. Повеќе од 66 проценти, таканаречените фарми за копање на криптовалути се наоѓаат во Кина, „Биткоинот“ е главна криптовалута, но Кинезите копаат и останати.

Пред неколку месеци, кинеската држава воведе забрана за вршење на оваа дејност, поради како што рекоа, преоптереност на електричната мрежа.

Ако го земеме периодот пред септември минатата година, ќе видиме драстична промена и на цените на графичките картици, ако една графичка картица тогаш чинеше 300 евра, од септември минатата година до денес ќе забележиме драстичен скок, па така истата денес чини меѓу 1300 и 1500 евра.

Но не секоја графичка може да ви користи за копање на криптовалути.

Имено, се користат графички карти кои се над  6 gb, па зависно од ова се регулира и цената.

Во Македонија графички карти нема ни за лек.

Доколку појдете во некој продажен центар кој продава IT опрема и побарате да купите повеќе од една графичка картица тоа нема да ви биде дозволено. Едноставно можете да купите само една, но и таа ќе мора да ја комбинирате со купување на компјутер кој ви ве чинел над 70.000 денари.

Па така, доколку купите компјутер од 70.000 денари и појака графичка би ве чинело повеќе од 120.000 денари, а една графичка картица не ви врши работа доколку сакате да се занимавате со копање на криптовалути.

Според статистиките, за да почнете да се занимавате со овој бизнис, би ви требале најмалку четири графички карти, а истите би ве чинеле околу 4.000 евра.

Проценките и досегашните статистики велат дека инвестицијата која ќе ја направите, би ја вратиле најмалку за 7 месеци, ако се оди како што треба.

Во скопските населби Чаир, Ченто и Шуто Оризари, како и во Тетово и Арачиново, забележана е зголемена потрошувачка на електрична енергија што укажува дека се работи за „копање“ криптовалути.

Компјутерите од последна генерација наменети за копање на криптовалути трошат многу електрична енергија и сериозно ја оптоваруваат мрежата, а од ЕВН велат дека потрошувачката особено скокнала пролетва.

„Едно домаќинство, ако има потреба од одредена потрошувачка, доколку инсталира компјутери што копаат криптовалути, тоа значи дека може да потроши енергија за 20 или за 30 домаќинства, што го нарушува напојувањето на сите соседни корисници на таа напојна точка“, вели Ленче Карпузовска, менаџерка на Оддел за комуникации во ЕВН.

Има и диви приклучувања кон електричната мрежа со цел е да се избегнат високите сметки.

„Прават паралелни диви приклучоци, со паралелни кабли со многу поголеми пресеци и така ја крадат и дистрибуција и ја нарушуваат целата околина. Штета трпиме сите, и компанијата и граѓаните. Дополнително можат да настанат проблеми и од типот на пожар или да се запали инсталација што не е соодветна за таа потрошувачка“, додава Карпузовска.

Но ова не е СЕ

Во Старата скопска чаршија има и менувачница за овој вид на бизнис, па така доколку почнете да се занимавате со овој бизнис криптовалутите може да ги уновчите овде.

Според кажувањата на луѓе кои се занимаваат со овој бизнис, во оваа менувачница можете од еднаш да добиете и до 2.5 милиони евра.

„Бонбона бизнис“

Бонбона бизнис за оние кои имаат многу пари, политичарите.

Ќе прашате зошто „Бонбона бизнис“? Одговорот е едноставен!

Овие валути не се контролирани од никого, нивниот траг е невозможно да го следите.

Доколку го следиме случајот на српскиот мафијаш Вељко Беливук, познат како Веља Невоља ќе видиме дека српската полиција има сознанија, но не може да стигне до 10 милиони евра кои српскиот мафијаш ги има во криптовалути.

Па оттука можеме да заклучиме дека политичарите во светот, но и во Македонија во ова гледаат „Бонбона бизнис“.

Дали македонските политичари копаат криптовалути? Ќе прочитате во вториот дел…

 

 

Р.З.

Најнови вести