среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Прванов: Илинденското востание е бугарско по својот карактер

Прванов: Илинденското востание е бугарско по својот карактер

Македонската страна очигледно ќе ја зголемува тензијата, а тоа го покажува и актуелноста на проблемот со Гоце Делчев во македонските медиуми, вели во интервју за „24 часа“ поранешниот бугарскиот претседател Георги Прванов.

„Се раѓа антибугарското во македонизмот во својата најгруба форма. Моето објаснување е дека тоа беше вткаено во самииот недоречен, краткоглед текст на Договорот за пријателство, кој не го реши проблемот со заедничката историја на начин како што го направија Грците, туку го остави на една Комисија која нема мандат и е осудена да заврши лошо, со што ќе се влошат билатералните односи“, вели Прванов.

Тој додава дека: „клучот на решението е да се држат до тоа дека Илинденското преображенско востание е бугарско по својот карактер, затоа што населението има бугарско сознание, зашто такви се целите на Внатрешната револуционерна организација. Ако тоа се реши, назад во историјата очигледно процесите имаат бугарски карактер“.

Најнови вести