недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Првиот човек на јавното обвинителство, Јовевски против онлајн судења

Првиот човек на јавното обвинителство, Јовевски против онлајн судења

Нема законски основ за судење онлајн, имавме неколку такви примери, но стануваше збор за полесни дела, за оние кои се за потешки дела тоа е дури невозможно, рече Љубомир Јовевски, прв човек на јавното обвинителство на гостувањето на телевизија 24.

-За да има онлајн судења потребна е измена на процесното законодавство, а тоа е закон кој се менува со двотретинско мнозинство. Не знам дали одредени прашања може да се регулираат со подзаконски акти, рече Јовевски.

Обвинителот Јовевски укажа што се мора да има за да се води постапка за потешко казнено дело.

-За високопрофилните судења на пример се поставува прашањето како ќе се обезбеди присуство на обвинетиот, како ќе бидеме сигурни дека сведокот е сам дека нема некој во просторијатакога тоа е онлајн и не му сугерираат одговори и слично. Сега е сосема поинаку има физичко обезбедување, се знае кој со кого комуницира, рече Јовевски.

Според него подобро е начинот за текот на судењата во ваква ситуација со корона да се бара во други решенија отколку во онјлајн судења.

-Решението треба да се бара во судење на отворено или поголеми судници. Или може да се суди на отворено, потоа опција е да има паравани помеѓу лицата или едноставно треба да се постапува согласно новонастанатата ситуација, вели Јовевски.

Најнови вести