вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПРВО ПА МАШКО: Се породи една од петте трудници кои синоќа слетаа од Авганистан

ПРВО ПА МАШКО: Се породи една од петте трудници кои синоќа слетаа од Авганистан

Една од петте трудници кои синоќа слетаа во Скопје од Авганистан попладнево се породила на скопските клиники, објави НОВА ТВ.

Трудницата вчеравечер пристигна со конвојот бегалци од Авганистан, а денеска родила здраво машко дете.

Бебето е тешко три килограма и двесте грама, а според информациите и бебето и мајката се чувствуваат добро.

Синоќа пристигнаа граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации.

Најнови вести