За првпат во Македонија се родило ХИВ негативно бебе од ХИВ позитивна мајка, која одлучила да остане бремена и да ероди свое дете, објави Канал 5.
Таа пред 4 месеци го донела своето дете на свет кое е ХИВ негативно.
Освен медицински напредок кај докторите оваа приказна е доказ за една вистинска љубов помеѓу двајца, но и големи емоции и среќа за персоналот на клиниката за гинекологија и клиниката за инфективни болести.
Во моментов на 400-тина луѓе ХИВ позитивни на клиниката за инфективни болести примаат терапија.
Докторката Милена Стевановиќ вели дека секогаш е најважна превентивата, редовните контроли и навременето лекување.