сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Анѓушев од функционер пак газда, а Шеќеринска за да му тргне бизнисот го мотивира со тендер од 1,6 милиони евра?!

Анѓушев од функционер пак газда, а Шеќеринска за да му тргне бизнисот го мотивира со тендер од 1,6 милиони евра?!

И додека ја манипулираше јавноста со години и ја лажеше дека тој излегол од сите фирми каде што е сопственик и немал никаква контрола врз нив, поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев не издржа ниту да поминат празниците по неговото заминување од владата и веднаш им се врати на сопственоста на фирмите.

Имено вчера ИРЛ.мк официјално објави дека Кочо Анѓушев повторно е бизнисмен и тоа само десет дена по напуштањето на вицепремирската функција. Тој се врати на чело на сите свои компании кои не се ни малку на мал број.

Анѓушев промената ја направил и официјално во Централниот регистар и повторно е запишан како управител на компанијата „Брако“ на местото на досегашниот Ратко Ѓорѓиевски.

КУРИР вчера објави и дека Шеќеринска и Анѓушев си поделиле милионска „бонбона“ за Нова Година во вредност од 1.6 милиони евра.

Министерството за одбрана, со кое раководи Радмила Шеќеринска за овогодинешната потрошена струја ќе му плати на поранешниот вицепремиер задолжен за економски прашања во владата на Заев, Кочо Анѓушев, 1.600.000 евра, покажува сајтот на Бирото за јавни набавки.

На 30 декември 2019 година, само два дена пред Анѓушев да замине од Владата, Министерството за одбрана склучило едногодишен договор за јавна набавка со Друштвото за трговија и услуги ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС ЕДС ДООЕЛ Скопје, односно ЕДС на Кочо Анѓушев. На тендерот имало 4 понуди, а го добила фирмата која случајно ја дала најниската цена – фирмата на Анѓушев.

Инаку Анѓушев во Владата беше две и пол години. Веднаш по именувањето за вицепремиер тој се „повлече“ од управувачките функции во неговите компании. Но, сепак Антикорупциската комисија лани во ноември покрена иницијатива против него за судир на интереси во носењето на владината одлука за укинување на царината за јон-литиумски акумулатори, од што директен интерес имала фирмата „Брако“. Владата на чие чело се уште беше Заев оцени дека постапката на Антикорупциската комисија е неоснована и дека нема повреда на Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Анѓушев од вчера застанува на чело на Феро инвест, компанијата ко-сопственик на повеќе од 10 други компании, меѓу кои и фирмата Брако.

Анѓушев во минатото лажеше како Заев, ветуваше и дека неговите фирми нема да добиваат тендери, а скандалозното доделување пари само растеше додека беше вицепремиер во Владата.

Јавноста е сведок кога во 2018 година Анѓушев ја убедуваше јавноста во емисијата Топ Тема на Телма телевизија дека нема да дозволи негови фирми да добиваат тендери од државата, а во меѓувреме неговите фирми добија тендер од ЕЛЕМ, од Фондот за иновации и од Агенцијата за патишта.

Имено, после скандалозниот тендер кој фирмата во сопственост на Анѓушев, Фероинвест, прво го доби, а после откако излезе скандалот во јавноста се повлече, вицепремиерот Кочо Анѓушев гостуваше во емисијата Топ Тема и изјави:

-Значи Фероинвест и останатите компании нема да учествуваат на државни тендери, но Фероинвест и останатите компании имаат 800 вработени кои што понатаму мораат да продолжат да живеат, работат и да земаат плата и ќе бидат активни во економскиот живот на државата, но не е само државата партнер. Ние мораме да се избориме за вредности во оваа држава и мислам дека мораме да се избориме за критериуми, рече Анѓушев во септември 2017 година.

Освен посочениот тендер на ЕЛЕМ, со кој фирмата во сопственост на Анѓушев требаше во минатото да добие 2,6 милиони евра за набавка на гумени транспортни ленти за РЕК Битола, јавноста беше и сведок на други низа скандали во кои директно беа вмешани Анѓушев и неговите фирми.

Најнови вести