Српските медиумите денеска непрекинато објавуваат детали од пукањето во трговскиот центар „Ист гејт“ во центарот на Скопје.
„Србија Денес“, „Пинк“, „Република“, „Курир“, „Телеграф“, „Блиц“ се само дел од медиумите кои веќе втор ден се заинтересирани за она што се случи вчера попладне во нашиот главен град.
Српски „Пинк“ открива и нов детаљ во целата драма, пишувајќи дека „Убиецот испалил цел шаржер во нив и дека носел гумена маска на лицето“, додека „Србија Денес“ го открива идентитетот на ранетиот пријател на Раде Трајковски Штекли.
Српските медиуми исто така објавија и дека Раде Штекли е ранет во стомакот и градите и дека дише преку апарати.
Дел од медиумите го објавија и тик ток видеото на кое е најавено леквидирањето на Штекли, додека други објавија видео од пукањето во молот.