Денеска се одржа дебата на членовите за општетсвени науки на МАНУ и на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ со претставници на МОН, Бирото за развој на образованието и на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование.
Очигледно дека министерката за образование и наука Мила Царовска е исплашена дали ќе биде прифатен образовниот концепт па затоа таа реши преку ресорното минисрство да праќа соопштенија каде јасно се гледа дека се во нејзина одбрана. Едни од тие кои беа на страната на Царовска се Таки Фити и Абдулменаф Беџети, па затоа МОН испрати соопштенија по медиумите каде јасно се гледа дека само тие двајца го бранат и поддржуват нејзниот концепт.
„Не можеме да ги отфрлиме фактите. Учениците мора да знаат факти, бидејќи науката се гради со факти, но тоа не е куп на факти, туку факти коишто се меѓу себе поврзани, причинско-последичните врски, критичко размислување во логична и конзистентна целина. Без тоа не можеме. Поврзување на работите, односно имплементирање на она што во тие национални стандарди, како што ги вика стратегијата, е означено како претприемништво.“, рече академик Фити.
Наспроти него пак Беџети го изјави следново: Ми останува да повикам на поддршка на оваа иницијатива, бидејќи знаеме колку е комплексно, колку е тешко да се влезе во ваков комплексен зафат. За поздравување е тоа што првпат, дури и при расправа за еден реформски зафат во основно образование, се повикуваат дури и институции од највисоки образовни и научни области како што се претставниците на МАНУ. Но за да биде одбраната уште поголема МИА (Македонска информативна агенција) ги превзема тие соопштенија кои се во одбрана на Царовска.
МИА тоа го прави затоа што нејзиниот директор Драган Антоновски важи за симпатизер на владејачката парија. Имено како што беше пренесено по порталите неодамна Антоновски беше виден како присуствува на партиска трибина на СДСМ. Директорот на Медиумската Информативна Агенција, Драган Антоновски учествувал на програмската трибина „Агенда 20 – 24 – Отворена Власт”, организирана од партијата што го номинира за директор на МИА која треба да биде непартиска и непристрасна агенција.
За настапот на Антоновски информација беше објавена и на партискиот сајт на СДСМ. Имено МИА која треба да служи како информативна агенција за сите граѓани, со ова покажува дека е партиски послушник на СДСМ.