Воведна работилница на новиот проект за подготовка на Четвртиот национален план и Третиот двогодишен извештај за климатски промени, кој се спроведува од Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации, ќе се одржи денеска во Скопје.
Воведно обраќање ќе имаат државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска и заменик на постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Нарине Сахакјан.
MИА